Искусни алпинисти најверојатно настрадани во лавина во Канада

111

Тројца исчезнати алпинисти најверојатно настрадале во лавина во канадските Карпести Планини, соопшти денеска Ангенцијата за канадските национални паркови „Парк Канада“.

Во списанија за планинарење се наведува дека станува збор за познати професионалци алпинисти, Американецот Џес Роскелеј и Австралијците Дејвид Лама и Хансорг Ауер.

Се наведува дека тројцата настрадале при обид да го освојат врвот Хаус во националниот парк Банф.

Роскелеј е познат по тоа што на 20-годишна возраст го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест, и во тоа време беше најмладиот човек кој успеал во тоа.

Лама и Ауер се исто така светски познати алпинисти, кои освоиле некои од најсложените светски врвови.

Од „Парк Канада“ не ги објавија имињата на тимот, но ги опишаа како професионалци и искусни алпинисти.