Ирачкиот претседател го именува за премиер шефот на разузнавањето, Ал Кадими

27

Ирачкиот претседател Бархам Салех го назначи за мандатор на владата шефот на разузнавачката служба, Мустафа ал Кадими, пренесе ирачката државната телевизија цитирана од „Спутник“.

Церемонијата за номинирање се одржа во присуство на најголемите политички фигури во земјата за разлика од двете претходни церемонии годинава за премиерски мандатари, кои оттогаш се повлекоа од своите функции.

Новоименуваниот премиер сега има еден месец да формира нов кабинет и да го претстави пред парламентот за одобрување.

Назначувањето на Ал Кадими доаѓа откако неговиот претходник Аднан Зурфи се откажа од обидот за формирање влада. Пред Зурфи, Мохамед Алави се обиде да го формира кабинетот, но беше одбиен од парламентот, што доведе до негова оставка на 1 март.

Ал-Кадими, 53-годишниот шеф на ирачката Национална разузнавачка служба, е името со кое се шпекулира дека ќе биде шеф на ирачката влада уште од декември.

Ирак беше во политички превирања околу позицијата нов премиер кој ќе формира преодна влада за да ја доведе нацијата на предвремени избори. На позицијата беше Адил Абдул-Махди од октомври 2018 година, но во ноември минатата година тој даде оставка.