Иран со критики против Европа поради нуклеарниот договор

19

Иран ги критикуваше европските земји потписнички на нуклеарниот договор од 2015 година, бидејќи не успеале да го спасат договорот по повлекувањето на САД минатата година и воведувањето на новите американски санкции за Техеран, извести државната телевизија.

– Досега не видовме практични и очигледни чекори со кои европските земји гаранатираат заштита на интересите на Иран – рече портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Тој нагласи дека Техеран нема да да разговара за никакви прашања кои се надвор од нуклеарниот договор.