Иран повторно со провокации, запленет уште еден танкер во Ормускиот теснец

67

Иранската револуционерна гарда запленила странски танкер во Персискиот залив кој шверцувал гориво на некои арапски земји, јави иранската државна телевизија, додавајќи дека се уапсени седум морнари. Веста ја соопшти командантот на гардата, Рамезан Зирахи, пренесува „Ројтерс“.

– Танкерот превезуваше 700.000 литри гориво. Седум морнари од различни националности кои беа во екипажот се приведени – додаде тој.

Минатиот месец, Иран заплени британски танкер во Ормускиот теснец поради тоа што наводно оштетил ирански рибарски брод.