Иран ги започна првите заеднички маневри со Русија и Кина во Индискиот Океан

109

Морнарицата на Иран ги започна своите први заеднички маневри со Русија и Кина во северниот дел на Индискиот Океан.

Вежбата започна од југоисточниот пристанишен град Чабахар, во Заливот Оман и во близина на границата со Пакистан. Русија настанот го нарече „невиден“ пример на поморска соработка. Официјални лица во Техеран и Пекинг претходно објавија дека маневрите ќе се одржуваат од 27 до 30 декември во Индискиот Океан и Оманскиот Залив. Вежбите се одржуваат во време на тензии меѓу САД и Иран.