Иран бара од Меѓународниот суд на правдата да влијае врз САД

45

Адвокатите на Иран ќе побараат од Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) во Хаг да им нареди на САД да ги повлечат санкциите воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп кон Техеран.

Во тужбата поднесена во судот во Хаг се посочува дека санкциите, кои и штетат на слабата иранска економија, ги кршат одредбите на малку познатиот Договор за пријателство, постигнат во 1955 година помеѓу Иран и САД.

САД на тужбата официјално ќе одговорат утре, со усни аргументи, а се очекува еден од аргументите да биде дека судот на Обединети нации не може да биде надлежен, бидејќи Договорот за пријателство повеќе не е валиден и дека санкциите не го нарушуваат.

Сослушувањето ќе трае четири дена, а одлуката ќе биде донесена за еден месец.