Ирански дрон тајно снимил носач на авиони на САД

397

Иранско беспилотно летало успеало тајно да пријде до американски носач на авиони во Персиски Залив и успешно да го сними воениот брод.

Морнарицата на САД соопшти дека тој носач на авиони не бил во заливот од 2016 година.

Иранската новинска агенција Тасним објави снимка на која се тврди дека е прикажан американскиот носач „Двајт Ајзенхауер“, на кој се гледаат борбени авиони, пренесе американски „Форбс“, додавајќи дека не е откриен датумот кога е направена снимката.

Иранската агенција исто така нагласува дека објавената снимка од носачот на авиони е одговор на Техеран за неодамнешната одлука на САД да ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација.

На тоа Иран се закани дека ќе го блокира стратегиски важниот Ормутски Теснец, низ кој минува 20 отсто од светската нафта.