Ирански брод потопен во „пријателски оган“ во Оманскиот Залив

197

Деветнаесет ирански морнари загинаа вчера, а повеќемина се повредени во таканаречениот „пријателски оган“ за време на воени вежби на иранската морнарица во Оманскиот Залив, се наведува во неофицијалните извештаи кои ги пренесе Би-би-си.

Локални новинари наведуваат дека фрегатата „Јамаран“ на Иранската револуционерна гарда тестирала нов проектил со кој случајно бил погоден логистичкиот брод Конарак.

Иранската војска потврдила за АФП дека загинале 19 војници, а најмлаку 15 се повредени во поморски вежби. Инцидентот, во близина на Хормушкиот теснец го опишале како несреќа.

Според неофицијални податоци фрегатата Јамаран ја испалила ракетата прерано а бродот Конарак немал време да се повлече од пловната цел, која ја донел на позиција.

Видео записот на социјалните мрежи наводно го покажува превезувањето на повредени морнари во болница.

Иранската револуционерната гарда во јануари случајно собори украински патнички авион во близина на Техеран при што ги уби сите 176 луѓе во авионот.