Ирак меѓу безбедносната врска со САД и политичката поврзаност со Иран

57

Уривањето на дроновите и нападите на танкерите во Персискиот Залив се само дел причините за зголемените тензии меѓу САД и Иран, во момент кога многумина стравуваат за можен почеток на нова војна во околина на една од главните светски точки за транспорт на нафта. Но, било каков конфликт меѓу двете земји би можел да започне во земјата каде и двете страни имаат копнени сили, а тоа е Ирак, анализира „Блумберг“.

По две војни од почекотот на 1990 година, брутален граѓански конфлит и подемот на Исламска држава, околу 5.200 американски трупи се стационирани во Ирак, меѓу илјадници борци на шиитската милиција поддржана од Иран, контролирана од официјални лица во Багдад блиски со Техеран.

Компликуваната состојба на Блискиот Исток ги става ирачките лица во тешка ситуација, во момент кога тие треба да навигираат меѓу безбедносните врски со САД и нивната политичка и религиозна поврзаност со Иран.

– Владата на Ирак не смее да си дозволи да се отуѓи со ниту една од двете страни. Тие сега се наоѓаат во една специфична ситуација – сметаат експертите од регионот.

Досега, директен конфликт е избегнат и војна на отворени боишта е малку веројатна поради поголемата воена моќ на САД, но од „Блумберг“ сметаат дека ова е затишје пред бура. САД повлече голем дел од вработените од амбасадата во Багдад и го затвори конзулатот во Басра, поради стравувања дека Иран ја поткопува централната власт на ирачаните и влијанието на Вашингтон.