Инспекторите на ОЗХО ја одложија посетата на Дума

789

Инспектори на Организацијата за забрана на хемиско оружје(ОЗХО) ја одложија посета на сирискиот град Дума откако тим на ОН јави дека на таа локација има престрелки, изјави извор близок до тимот.

Иако деталите за престрелката се нејасни, посетата на инспекторите е одложена.

Претходно, беше најавено дека експерти од ОЗХО ќе пристигнат во Дума за да извршат анализи по наводниот напад со хемиско оружје што се случи во тој сириски град на почетокот на април.