Индија ќе купи воена опрема од САД во вредност од три милијарди долари

152

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека Индија ќе купи воена опрема од САД во вредност од три милијарди долари вклучувајќи и хеликоптери.

По средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, Трамп зборуваше за воената и трговската соработка меѓу двете земји.

– Индија и САД постигнаа напредок кон постигнувањето голем трговски договор – оцени Трамп, кој се наоѓа во посета на Индија, пренесе „Ројтерс“.

Двете држави првобитно планираа да склопат мини договор, но се покажало тешко остварливо. Наместо тоа, сега имаат цел постигнување договор за поголем пакет вклучувајќи и можен договор за слободна трговија.

Трамп дополни дека разговарал со Моди кого го нарече „драг пријател“ за значењето на безбедноста на 5Г-телекомуникациската мрежа во Индија пред планираната аукција за доделување фреквенции во таа земја.