Индија ја доби најголемата статуа во светот (видео)

433

Статуа на индискиот херој за независност, Сардар Валабхаи Пател, која е двојно поголема од Кипот на слободата во Њујорк, денеска ќе биде претставена, а ќе ја чуваат неколку илјади полицајци поради очекуван протест на локалната заедница.

Спектакуларното претставување на монументалната статуа од 182 метри со учество на борбени авиони и хеликоптери, кои би требало да пуштаат цвеќе, е ставено во втор план поради најавите за протести. Незадоволните мештани бараат компензација за земјата која им била одземена за да се постави „Статуата на единството“.

Локалните власти на индиската држава Гуџарат тврдат дека 185 семејства, кои се иселиле поради споменикот, добиле како отштета 475 хектари нова земја.

За изградба на статуата на индискиот херој за независност, Сардар Валабхаи Пател, се потрошени повеќе од 350 милиони евра и четири години работа.