Индија не сака посредници во спорот со Пакистан

43

Индија денеска повторно ја одби понудата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да посредуваат во спорот со Пакистан околу Кашмир.

Индискиот министер за надворешни работи изјави дека му кажал на државниот секретар, Мајк Помпео оти било каква дискусија за спорниот хималајски регион може да се води само помеѓу Индија и Пакистан, пренесе „АП“.

Индискиот министер и Помпео се состанаа на маргините на Азискиот самит за безбедност во Бангкок.

Индија долго ги одбива надворешните обиди за решавање на спорот, додека Пакистан бара меѓународна помош, потсетува американската агенција.