Израел уништил 10.000 документи и книги за палестинската историја

128
За време на израелските воздушни напади врз Газа во почетокот на мај, беше бомбардиран и еден од најважните културни центри во кои се чуваат важни документи за палестинската историја и притоа уништени повеќе од 10.000 значајни документи и книги.

Генералниот директор на центарот, Нахид Зекут, вели дека станува збор за еден национален центар за истражување, кој организирал голем број научни конференции и семинари за палестинските бегалци. Зекут потсетува дека овој центар чувал и значајна литература за палестинската и арапската историја.

– Со бомбардирањето на овој центар Израел уништи повеќе од 10.000 книги, документи и други архивски материјали вклучувајќи и многу ретки примероци на одредени документи. Ние веруваме дека нападот на центарот е напад врз палестинската култура – вели Зекут.

Центарот за истражување и документација Абдула ал-Хурани, кој се наоѓал во областа Ер-Римал во Газа, на 4 мај беше срамнет до земја. Центарот 22 години работели на документирање податоци за палестинската историја и култура.