Израелски клуб го промени името во чест на Трамп

1143

Во чест на Доналд Трамп фудбалски клуб од Ерусалим го преименува своето име во „Беитар Трамп Ерусалим“.

Шесткратниот шампион во Премиер лигата гае огромна љубов кон Трамп, откако претседателот го призна Ерусалим за главен град на Израел.

И додека Ерусалим денеска се подготвува за отворањето на новата Амбасада на САД во Израел, најдобриот фудбалски тим во градот објави дека се преименува во чест на храбриот Доналд Трамп.

Во декември, американскиот претседател се спротивстави на опозицијата признавајќи го Ерусалим како главен град на Израел, со што ги налути Палестинците и муслиманите ширум светот, кои гледаа на античкиот град како на главен град на својата земја.

-Ерусалим веќе 70 години чека меѓународно признание, се додека Трамп не го призна Ерусалим како вечен главен град на Израел. Претседателот Трамп покажа храброст и вистинска љубов кон израелскиот народ и нивниот главен град. Претседателот на клубот, сопствениот Ели Табиб и извршниот менаџер Ели Охана донесоа одлука да го преименуваат клубот по американскиот претседател и отсега клубот ќе се вика Беитар Трамп Ерусалим- пишува во соопштението на официјалната фејсбук страна на Беитар Ерусалим.

Се уште не е јасно дали оваа промена на името е од траен карактер.