Израелски авиони го гранатирале сирискиот воен аеродром Т-4, тврдат американски претставници

1298

Американски претставници тврдат дека нападот врз воениот аеродром во сириската провинција Хомс бил извршен од Израел, јави Ен-Би-Си.

Според изворите на медиумот, САД биле известени пред да биде извршен нападот.

Нападот е извршен денеска врз воениот аеродром Т-4 во Хомс.

Според Сирискиот центар за човекови права, при ударот убиени се 14 луѓе, меѓу кои тројца Иранци.

Сириски медиуми јавија дека врз аеродромот испукале неколку ракети израелски авиони од воздушното пространство на Либан.