Израелската авијација жестоко возврати на ракетирањето на Хамас

65

Израелски воени авиони синоќа нападнаа 80 цели на Хамас во Појасот Газа откако 30 ракети беа истрелани врз јужниот дел на Израел.

– Израелските воени авиони покрај другите цели нападнаа и две големи објекта за производство на оружје, пет воени комплекси и зградата во која е седиштето на безбедносните сили во градот Газа – се наведува во соопштението на израелската армија.

Во соопштението се посочува и дека одбранбениот систем Железна купола пресретна десет ракети.

При ракетирањето на Израел две лица се полесно повредени кога се обиделе да стигнат до засолниште, а седуммина претрпеле шок.