Измешаните чувства на Израел кон Европа излегоа на виделина на „Евровизија“

586

Евровизискиот спектакл во Тел Авив покажа дека луѓето во Израел комплетно го прифатија концептот на фестивалот. Постерите, забавите и исцрпното медиумско покритие на настанот се доказ за ентузијазмот на Израелците, кои целосно се посветија за успех на ова гламурозно натпреварување, пишува дипломатскиот коресподент на Би-би-си во земјата, Џејмс Ландејл.

И сето ова во дел од светот каде „блескавото и кичот“ стојат веднаш до безбедносните закани и регионалните тензии, кои долги години наназад го дестабилизираат регионот.

Сепак, настанот и неговата перфектна организација ја покажаа и прикриената желба на Израел да покаже припадност кон Европа.

– Ние секогаш сме имале желба сите да препознаат дека сме дел од Европа како легитимен член. Исто така, сакаме да бидеме забележани и да имаме покритие од меидумите, не само поради конфликтите, туку и поради весели настани, како што се фестивалите – вели Јоханан Плеснер, претседател на израелскиот Институт за демократија.

Но, љубовта на Израел кон „Евровизија“ исто така го илустрираше нивниот амбициозен став кон континентот Европа. Ако зборувате со Израелците, тие ќе ви кажат дека Европа е нивниот најголем трговски партнер, како обожуваат да одат таму на одмор и како имаат голем број на семејни предци кои живееле таму, констатира Ландејл.

Од друга страна пак, голем дел од жителите на Израел ја гледаат Европа како извор на анти-семитизам, место каде холокаустот станува се помалку истакнат во очите на новата генерација на луѓе. Исто така, многу Израелци ја гледаат Европа како извор на нефер критики за нивните политики кон појасот Газа и Западниот Брег, во комбинација со неуспехот ја разберат езгистенцијалнта безбедносна закана кон нивната земја.

Покрај културолошката, постои и институционалната недоверба на Израелците кон Европа. Голем дел од нив ја гледаат Европската Унија како организација која заземала страна во нивниот конфликт со Палестина, други ја осудуваат за обезбедување помош која понекогаш завршува во рацете на Хамас, која ЕУ ја смета за терористичка организација.

Ова чувство го има и неодамна реизбраниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кој на крајот на минатата година ја опиша Унијата како „насилна и хипокритична“. Тој започна да формира нови алијанси и соработки со земји како Полска и Унгарија, чии лидери ги делат неговите робусни националистички погледи и сомневања кон Брисел.

И токму овие делувања на Нетанјаху се исплатеа, а доказ за тоа е неодамнешниот потег на Унгарија, која минатиот месец одби да ја подджи изјавата на ЕУ во Обеднинетите нации (ОН), со која се критикуваше изградбата на изралска населба во окупираните територии.

Ова незадоволство со Европа е важно и поради тоа што се очекува американската администрација да го открие долго очекуваниот план за решавање на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците . Блискоста на Нетанјаху со американскиот претседател Доналд Трамп значи многу за Израел, но поддршката од ЕУ за нив е исто така многу важна.

– Воопшто не е од помош доколку не се препознае важноста на другите партнери и соседи. Тие (властите) треба да ги слушнат критиките и треба да препознаат дека партнерството со Европа е од фундаментално значење, исто како она со САД – вели Алистар Бурт, поранешен британски министер за Блискиот Исток.