Изгореа 35 бродови во Алабама

194

Најмалку осум лица загинаа денеска во пожар што „проголта“ најмалку 35 бродови закотвени покрај реката Тенеси.

Шефот на противпожарната бригада, Џин Неклаус, рече дека настрадале сите осум лица кои претходно се сметале за исчезнати, и дека бројот на загинати може да биде поголем, бидејќи не се знае колку лица биле на бродовите кои потонале, јави „АП“.

Неклаус истакна дека седум лица кои биле изложени на ледената вода или се здобиле со изгореници се хоспитализирани.

Пожарот избувнал по полноќ, а во спасувачката акција учествувале повеќе чамци.  Вклучени биле и нуркачи кои ги пребарувале потонатите бродови.