Изгаснат пожарот во кулата на Трамп во Баку, едно лице хоспитализирано

877

Пожарот што ја зафати кулата на Трамп во Баку, главниот град на Азербејџан, е изгаснат, пренесуваат руските медиуми.

Едно лице во тешка состојба е хоспитализирано поради труење со чад.

Сите улици кои водат до зградата беа блокирани. 

Зградата, која има 33 ката и е висока 130 метри, е завршена, но се уште не е вселена. 

Во декември Трамп Организејшн (Tramp Organizejssn) од САД ги прекина лиценцните договори за изградба на такви градби во неколку земји.