Изборите во Индија ќе се одвиваат во седум фази

36

Во Индија, почнувајќи од 11 април, ќе се одржат општи избори и тоа во седум фази, соопшти денеска Изборната комисија.

Претседателот на Комисијата, Сунил Арора изјави дека околу 900 милиони Индијци имаат право на глас, од кои 15 милиони се на возраст меѓу 18 и 19 години и првпат можат да гласаат.

Индија има 1,3 милијарди жители и изборите во таа земја се сметаат за највисоко демократско политичко мерење на силите во светот.

Изборната комисија соопшти дека пребројувањето на гласовите ќе се одржи на 23 мај.

Медиумите пренесуваат дека изборите ќе се одржат во момент на нарушување на односите помеѓу Индија и Пакистан поради Кашмир и оценуваат дека премиерот Нарендра Моди во таа ситуација има зголемен рејтинг.

До пред неколку недели, недоволната вработеност и ниските цени на земјоделските производи ја загрозуваа популарноста на Моди.

Меѓутоа, најновите анкети покажуваат дека неговата владејачка партија Барати Џаната има предност над опозицијата.