Ибица му е судбина на Штрахе

88

Патниците на авионот за Ибица од Виена беа изненадени кога го видоа Хајнц Кристијан Штрахе, поранешниот австриски вицеканцелар, кој со својата сопруга и децата одлучил да го помине одморот на островот поврзан со аферата „Ибица”, која ја уништи неговата политичка кариера, пренесуваат европските медиуми.

Пред две години, Штрахе на Ибица се состана со наводна внука на еден руски милијардер, на која ѝ понуди државни работи за финансиска поддршка на неговата Либерална партија (ФПО) со заобиколување на финансиските контролни власти.

Целиот седумчасовен разговор на австрискиот политичар беше сниман со видеокамери, а снимките беа објавени во јавноста пред изборите за Европскиот парламент во мај оваа година.

Поради своите изјави, иако сето ова се случи пред две години, Штрахе веднаш поднесе оставка на местото вицеканцелар и од лидерската позиција на ФПО.

По овој настан, и самото спомнување на Ибица ќе предизвика негативни чувства кај некого, но не и кај Штрахе, кој сега оди на островот со семејството, констатираат медиумите во Австрија.