Знамињата во САД пет дена ќе бидат спуштени на половина копје

190

Американскиот претседател Џо Бајден ќе нареди сите американски знамиња да бидат спуштени на половина копје на пет дена, сето тоа во спомен на повеќе од половина милион луѓе кои починаа поради пандемијата на коронавирус во САД, објави МСНБЦ на својот профил на Твитер.

Ова не е првпат Америка да ми оддаде почит на починатите од ковид-19.

Непосредно пред инаугурацијата на Бајден, сите познати згради во земјата беа обоени во црвена боја со црвени светла, во спомен на 400.000 луѓе кои починаа од коронавирус.