Земјотрес од 7,2 степени го погоди источниот дел на Папуа Нова Гвинеја

116

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Папуа Нова Гвинеја, но нема опаност од цунами, соопшти американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 127 километри под површината на земјата, во дел кој се наоѓа на 66 километри југозападно од градот Лае, пренесе „Ројтерс“.

Сѐ уште нема извештаи за евентуална штета.