Земјотрес во Јапонија, бројот на жртви се искачи на осум

65

Бројот на жртви од силниот земјотрес што се случи вчера на јапонскиот остров Хокаидо се зголеми на осум, откако уште пет тела беа пронајдени под урнатините на куќа во планинското село Ацума.

Најмалку 39 лица се пријавени за исчезнати во Ацума, каде што земјотрес со интензитет 6,6 степени предизвика огромни свлечишта, кои затрупаа куќи и патишта.

Земјотресот предизвикал уривање на населени места на островот.

Во Кабинетот на премиерот Шинѕо Абе е формиан кризен штаб и најмалку 25 илјади војници се испратени за справување со последиците од портесот.

Во градот Ацума 20 луѓе се водат како исчезнати.

Потресот го прекинал снабдувањето со струја на островот Хокаидо поради што речиси три милиони домаќинства се без електрична енергија.

Поради потресот откажани се над 200 летови и запрено е движење на возови.