Земјата на слободата извезува „молекули на слободата“

76

САД се ословуваат како земја на слободата, која исто така е составена од „молекули на слободата“ според соопштението од американското Министерство за енергетика, пренесува „Гардијан“.

Потсекретарот за енергетика Марк Менезес го спомна терминот „гас на слободата“, зборувајќи за природните ресурси кои се извезуваат во Европа, при соопштување на одобрението од страна на министерството за зголемен извоз на природен гас произведен во Тексас. 

Терминот „гас на слободата“ можеби делува безлично, но тој е смислен врз основа на рекордната продукција на природен гас од страна на САД.

– Во уште една година на поставување рекорди за продукција на природен гас, можам со задоволство да истакнам дека Министерството за енергетика работи на промовирање на ефикасен регулаторен систем што им овозможува на молекулите на слобода да бидат извезувани низ светот – истакна Стивен Винберг од Министерството за енергетика.

Дел од медиумите истакнуваат истакнуваат дека станува збор за бесмислени термини.

– Седумдесет и пет години по ослободување на Европа од окупацијата на нацистичка Германија, САД повторно испорачуваат одреден облик на слобода на европскиот континент. Наместо во облик на млади американски војници, таа доаѓа во облик на природен гас – кажа неодамна американскиот министер за енергетика Рик Пери.