Зеленски предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

107

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната во источна Украина.

-Треба да се послуша секоја личност-рекол Зеленски, кој беше инаугуриран оваа недела, на состанокот со воените доброволци, се наведува во извештајот на канцеларијата на претседателот.

Тој предложи анкета за тоа треба ли да се склучи мировен договор со Русија, иако резултатите не би требало да бидат правно обврзувачки, стои во извештајот.

Украинската војска веќе пет години, од отстранување на прорускиот претседател, се бори со проруските бунтовници во близина на руската граница. Според проценките на Обединетите нации, во судирите се убиени над 13 илјади луѓе.

Русија, која ги претставува бунтовниците во мировните преговори под меѓународно покровителство, ги отфрли обвинувањата дека пружа оружје на бунтовниците и дека активно делува воено во судирите.