Зеленски им порача на пратениците да одат на полиграф

88

Украинскиот претседател Владимир Зеленски им порача денеска на членовите на Комисијата за финансии во Парламентот да направат тестирање на детектор за лаги по повод наводите за вмешаност во корупција.

Како што се наведува во соопштението, пратениците кои се вмешани во корупцискиот скандал треба да направат полиграфско тестирање за да ја докажат својата невиност, пренесе „АП“.

Повикот што преку соопштение го упати Зеленски, следува откако украинските медиуми објавија дека неколку пратеници на Врховната Рада од владејачката партија на Зеленски примиле поткуп од 30.000 долари за да издејствуваат амандман со кој се гарантираат олеснувања за компаниите поврзани со други пратеници.

Претходно денеска украинското Обвинителство соопшти дека ги истражува медиумските наводи.