За здравјето на Берлускони клучни се следните три дена

166

Следните три дена ќе бидат најважни за здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84), кој се наоѓа во болница во Милано поради инфекција со коронавирусот.

Берлускони, кој во четвртокот објави дека е позитивен на вирусот, се лекува од пневмонија во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, пренесува Би-би-си.

– Пациентот е во стабилна состојба – изјави денеска професорот Алберто Зангриљо, кој го лекува Берлускони.

Како што се наведува, децата на Берлускони исто така се заразиле со Ковид-19.