Затворската битка во Авганистан ослободи стотици милитанти на Исламската држава

123

Огранокот на Исламската држава (ИД) во Авганистан презема одговорност за напад врз затвор во Џалалабад во источниот дел од државата, во кој групата тврди дека избегале стотоци затвореници.

Нападот почнал во неделата со експлозија на автомобил-бомба во близина на заштитната ограда на затворот, по што милинантите упаднале во казнената установа која чуварите се обиделе да ја одбранат.

Најмалку 29 лица биле убиени, а 48 повредени по 20-часовната битка во затворот, според претставниците на локалната власт.  Сите десетмина терористи што учествувале во нападот на затворот биле убиени.

Авганистанскиот огранок на Исламската држава кој се бори против американските трупи, владините сили и талибанците со години наназад, презема одговорност за нападот. Групата тврди дека ослободила стотици затвореници, како и дека поставила експлозиви во околината за да го попречи одговорот на владините сили.

Во затворот биле сместени 1.800 затвореници од кои околу една третина се милитанти на ИД, според властите. Останатите се талибанци и осуденици за криминални дела.

Околу илјада затвореници кои се обиделе да избегаат биле фатени иако уште не е познато колкумина успеале да го избегнат повторното апсење додека траела оружената пресметка. Се претпоставува дека има стотици избегани припадници на ИД и талибанци.

Последниот напад доаѓа додека САД, авганистанската влада и талибанците се подготуват за втора рунда мировни преговори. ИД се обидува да го наметне влијанието во одредени области од државата разурната од војна, преку оружени напади.

САД потпишаа мировен договор со талинанците во февруари, но преговорите помеѓу групата и авганискатаската влада допрва треба да почнат. Насилството во државата не престана откако беше потпишан договорот. Талибанците прогласија тридневно примирје за време на верските празници.