Застрелан маж на островот Мајорка, откако со нож нападнал туристи

43

Полицијата на шпанскиот остров Мајорка синоќа застрела маж, вооружен со нож, откако нападна двајца германски туристи во кафуле на плажа.

Според полицијата мажот нападнал и полесно повредил двајца туристи од Германија.

Според локалните медиуми напаѓачот е од Либија.

Полицијата почна истрага за случајот, но според првичните податоци не се работи за тероризам.