Запленети 7,5 тони кокаин вреден 286 милиони долари во пресечената пратка за Европа

56

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари, објави колумбиската влада.

Дрогата била спакувана заедно со градежни материјали и била транспортирана помеѓу пристанишниот град Картагена и Панама, а во соопштението се наведува дека им припаѓала на шверцери поврзани со заливскиот клан и требало да биде доставена до други криминални групи во Централна Америка и Европа, пренесува „Ројтерс“.

Колумбија останува еден од најголемите производители на кокаин, и покрај долгогодишните напори да се запре трговијата со дрога.