Заложничката криза во францускиот маркет заврши со најмалку две жртви

148

Ослободени се заложниците од супермаркет во градот Треб во јужна Франција. Во објектот останал само човекот кој го извршил нападот и еден полицаец, јавија локални медиуми цитирајќи го градоначалникот.

АФП јави дека најмалку две лица се убиени во нападот. Првично беше објавено за осуммина заложници.

Француските медиуми известуваат и дека напаѓачот претходно пукал кон полицајци кои џогирале во близина, при што ранил еден од нив. Постојат тврдења дека вооружениот маж е припадник на Исламска држава (ИД).

Францускиот премиер Едуар Филип ја овкалификува ситуацијата како „сериозна“. Кон градот се упатил и министерот за внатрешни работи Жерар Колон.

Четири лица беа убиени од џихадист во маркет во Париз, во сличен инцидент во јануари 2015 година.