Закани со бомби за болници и училишта во Санкт Петербург

47

Десетина болници и неколку училишта во Санкт Петербург денеска добиле закани за поставени експлозивни направи, соопштија извори од руските служби за вонредни ситуации за „ТАСС“.

Според изворот, заканите биле насочени кон  11 болници и неколку училишта.

Претходно денеска поради закани со бомби биле евакуирани и градски судови, кои сега повторно работат бидејќи не се пронајдени опасни предмети по извршениот претрес.

И пред три дена една третина од метро станиците во Санкт Петербург добија закани со бомби, но специјалните полициски единици утврдија дека станува збор за лажни дојави.

Тогаш 20 болници и 40 образовни установи добија слични предупредувања.