Закани по живот до министерот Салвини

295

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини добил заканувачка порака, која ја објавил на Инстаграм,  пренесе тиранската телевизија Ора њуз.

Анонимното писмо пристигнало во седиштето на Министерството за внатрешни работи.

На лош италијански јазик пишува „На врат имаш тројца Албанци,ќе бидеш убиен, ти си свиња, геј…“

Министерот Салвини во својот коментар напишал „Одам напред во мојата работа, бакнежи и прегратки“.