Заедничкиот пристап на Макрон и на екстремната десница дава награда

455

Кој во Европа има волја да постигне нешто? Одговорете на тоа прашање и ќе добиете појасна слика за повеќето од неодамнешните настани, пишува Мартин Сандбу во неговата колумна „Европската политика ги наградува оние што ги завршуваат работите“ за „Фајненшл тајмс“.

Најјасниот приказ за одлучност доаѓа од францускиот претседател Емануел Макрон. Неговото интервју со „Економист“ предизвика реакции делумно поради неговата решителност да ги жртвува сопствените идеи – преку поставување на прашања, како што тоа го прави и американскиот претседател Доналд Трамп, за ефективноста на НАТО. Но, за разлика од Трамп, Макрон го поддржа неговиот напад врз Алијансата со јасно изразен поглед за светот, промислен аргумент за тоа како Европа треба да се менува, и пред се, подготвеност за прифаќање на методи кои одат во корист на неговите цели.

Истата подготвеност во тежнеењето кон потполно различни цели може да биде забележана кај европската екстремна десница, чии различни инкарнации претставуваат одлучна опозиција кон либералната современост, како и кон институциите и структурите што ги фаворизираат либералните вредности и наднационалните регулативи. Јасноста на нивната одлучност е наградена од гласачите и пробивот на Вокс на шпанските избори во неделата преставува последен ваков пример.

Несоодветната сличност помеѓу Макрон и екстремната десница ја илустрира „поголемата вистина“ според која политичкото боиште на ЕУ е обликувано од оние кои навистина сакаат да ги менуваат работите, додека традиционалните партии посматраат од страна. 

На крајот, сите добри политичари знаат дека колку подолго оддаваат впечаток дека не работат ништо, толку е поголем ризикот дека ќе бидат сменети од ривали што изгледаат како да сакаат да работат нешто – што било. Тука се јавува надеж дека се поголем број на лидери ќе прифатат оти не смеат да им дозволат на екстремистите да изгледаат како тие да се единствени со политичка цел. За сета неодлучност на системот на ЕУ и на нејзините членки, слушајте внимателно и можете да го чуете тивкиот звук на луѓето што се насочуваат кон компромис, со цел да ги завршат работите.