Заговорот за атентат вметнат во интригите на Салвини?

132

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради поседување голем арсенал оружје. Салвини вели дека секој ден добива голем број закани.

– Тајната служба ми кажа за украинската група која планира атентат на мене. Драго ми е што тоа помогна да се пронајде арсеналот на некои луди луѓе – вели тој.

Италијанската полиција привела тројца мажи, меѓу кои и еден кој е поврзан со неофашистичка политичка партија, откако откриле голема количина оружје. Меѓу арсеналот е пронајдена и ракета воздух-воздух од француско производство, како и материјали со нацистички симболи.

Светските медиуми, сепак, истакнуваат дека целата ситуација е матна, бидејќи Салвини и неговата партија „Лига“ се вмешани во скандал по обвинувањата дека примиле пари од Русија за да се залагаат против санкциите за Русија во Европскиот парламент. Многумина сметаат дека рацијата и објавите за планот за атентат се обид за оттргнување на вниманието на јавноста од скандалот.