Загина братот на водачот на авганистанските талибанци

117

Братот на Хаибатула Ахунџада, лидерот на авганистанските талибанци, е едeн од најмалку петмината загинати во експлозијата која одекна во џамија во Кета, југозападен Пакистан, пренесува „Танјуг“.

Според извори, загинал Хафиз Ахмадула, помладиот брат на талибанскиот водач.

Експлозијата одекнала за време на молитва, а најмалку 20 лица се повредени.

Шефот на локалната полиција изјави дека бомбата најверојатно била подметната во џамијата и активирана со далечински управувач.

Жртвите веднаш биле пренесени во болниците низ Кета, а полицијата стравува дека бројот на загинатите ќе се зголеми.