Заврши спасувачката операција за урнатиот надвозник во Џенова

31

Италијанските служби ја завршија спасувачката операција за исчезнатите под урнатините на надвозникот „Моранди“ во Џенова. Со тоа е потврдено дека во несреќата загинаа 43 лица. Деветмина повредени се задржани во болница, од кои четворица се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Иако судбината на сите оние што се водеа за исчезнати веќе е јасна, спасувачката служба посочи дека нивната работа продолжува за да се осигурат дека ниту едно лице не е останато под урнатините. Спасувачите оценуваат дека нема повеќе загинати лица, но имаат задача да го обезбедат местото на несреќата и да помогнат да се установат причините за трагедијата.

Надвозникот „Моранди“, дел од автопатот А10, се урна во вторникот. Бетонскиот мост „Моранди“ беше изграден во 1967 година, а реконструиран во 2016 година.