Заврши маратонскиот климатски самит, Гутереш е разочаран

65

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш изјави денеска дека е разочаран од исходот на Конференцијата за климатски промени на ООН (ЦОП25) каде делегатите од околу 200 земји постигнаа само „минимален компромис“.

– Меѓународната заедница пропушти важна можност да покаже поголема амбиција во однос на намалувањето, адаптацијата и финансирањето на борбата против климатските промени – се наведува во соопштението објавено по состанокот кој траеше повеќе од две недели.

Гутереш, сепак, вели дека не треба да се откажуваме и оти и тој нема да се откаже.

Маратонската Конференција на ОН за климата (ЦОП25) заврши денеска во Мадрид, со минимален компромисен договор и одложување на клучната одлука за регулирање на глобалните емисии на јаглерод за следната година.