Забавен растот на вработеноста во ЕУ во третиот квартал

18

Вработеноста во Европската унија и во еврозоната во третиот квартал се зголеми за 0,2 проценти во однос на претходните три месеци, а растот на вработеноста забави и на годишно ниво, покажуваат првите проценки на Европскиот завод за статистика.

Темпото на раст на вработеноста во двете области е послаб отколку во претходниот квартал, кога изнесуваше 0,4 проценти, според пресметките на Евростат.

На годишно ниво, според прелиминарните проценки на Евростат, сезонски прилагодениот број на вработени во ЕУ се зголеми за 1,2 отсто во третиот квартал, по 1,4 отсто раст во периодот од април до јуни.

Во еврозоната бројот на вработени се зголеми за 1,3 отсто во периодот од јули до септември, по 1,5 отсто зголемување во вториот квартал.

Целосниот извештај за податоците на земјите-членки ќе биде објавен на 7 декември, објави Европскиот завод за статистика.