Жителите од градот Брајтон бараат укинување на титулите на Маркл и Хари

185

Жителите на британски Брајтон не се задоволни од ситуацијата поради кралското семејство и бараат да не се користат кралските титули во официјалните документи.

Бидејќи голем дел од даноците што ги плаќаат одат во прилог на кралското семејство, жителите на Брајтон сакаат кралските титули да бидат укинати во нивната област.

Овој град е во Источен Сасекс, чии војводи се Меган Маркл и принцот Хари, така што оваа иницијатива е насочена пред сè против нив.

Иако не можат да ги одземат титулите што им ги дала кралицата, жителите на Сасекс сакаат тие да престанат да се користат во официјалните документи на тој град.

Според „Дејли мејл“, општинскиот совет на Брајтон разгледува петиција потпишана од околу 2.000 луѓе и ќе ја донесе својата одлука во наредните денови.

Во петицијата се наведува дека титулите не треба да се користат во официјалните документи, бидејќи тие се „недемократски и го симболизираат угнетувањето на јавноста од страна на богатата елита“.

Причина за петицијата беа одењата на одмор на Хари и Меган со приватни авиони.