Животот на киднапираните новинари е во рацете на претседателот на Еквадор

356

Киднапираните новинари на границата помеѓу Еквадор и Колумбија денеска преку видео снимка бараат помош еквадорскиот претседател Ленин Морено.

На снимката што трае 22 секундии, тројца мажи врзани со синџири заедно околу вратот, бараат од Морено да ослободи тројца неидентификувани соборци и да ја прекине соработката во борбата против нарко дилерите со Колумбија во замена за нивната слобода.

– Претседателе Морено, нашите животи се во ваши раце – изјави еден од новинарите.

Двајца новинари од еквадорскиот весник „Ел Комерсио“ и нивниот возач киднапирани се пред девет дена во близина на границата со Колумбија. Киднапираните новинари сугерираат дека се наоѓаат во Колумбија, иако колумбиските власти негираат. За нивното киднапирање еквадорските власти ги обвинија Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кои не го предадоа оружјето како дел од мировниот договор во 2016 година. Новинарите не го открија идентитетот на киднапираните. Еквадор е главна транзитна зона за кокаинот произведен во Колумбија, од каде со мали чамци се превезува од брегот на Пацификот до Јужна и Средна Америка и во САД.