ЕУ сѐ уште без консензус за сезонското сметање на времето

50

Европратениците вчера не постигнаа согласност за начинот на кој ќе треба да му се стави крај на сезонската промена на пресметување на времето, јави дописничката на МИА во Брисел.

Предлогот за овој комплексен зафат дојде од Европската Комисија минатата година. Известувачот во Европскиот Парламент, Марита Улвског, е на истата линија на со ЕК, но таа смета дека промените треба да започнат две години откако ќе стапи на сила директивата на ЕК, додека ЕК сметаше дека веќе оваа година треба да се стави крај на овие промени.

Улвског смета дека треба да им се даде доволно време на компаниите, посебно во транспортот, да се прилагодат.

Разлики постојат и околу референтното време, едните оценуваат дека треба да се одреди летното време, други претпочитаат зимско. Некои европратеници пак сѐ уште се сосема против било какви измени во пресметувањето на времето во ЕУ.

На министерско ниво во декември 2018 исто така не беше постигната согласност по овие прашања од страна на земјите членки.