ЕУ со брзи чекори кон воведување данок за дигитални услуги

41

Министрите за економија на Италија и на Франција нагласија дека ќе работат на брзо усвојување на предлогот на Европската комисија за воведување данок за дигитална услуга од 2019 година.

– Прашањето за дигиталниот данок е од големо значење за граѓаните и ќе обезбеди поголема еднаквост и ефикасност, се вели во заедничко соопштение на италијанскиот министер за економија Џовани Триер и на неговиот француски колега Бруно Ле Мер

Тие, исто така, се согласија да работат на постигнување на брз напредок во усогласувањето на стапките на корпоративните даноци во Европа.

Министрите, исто така, велат дека ќе биде приоритет да се постави надградба на банкарската унија со цел да се гарантира „поголема стабилност, раст и работни места” во еврозоната, како и формирање на буџетот на еврозоната со цел да се обезбеди „поголема стабилизација и хармонизација”.