ЕУ предлага рефoрми на Светската трговска организација

42

Европската комисија денеска предложи серија реформи на Светската трговска организација (СТО), со цел нејзина модернизација и прилагодување на современите пракси во трговијата.

Предлозите на ЕУ за реформи доаѓаат по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон ќе ја напушти СТО, доколку таа не се реформири, обвинувајќи при тоа дека САД не добиваат праведен третман од страна на Организацијата. 

Како мерка на притисок, САД го блокираа усвојувањето на механизмот на СТО за надминување на трговските спорови, со што го парализираа целиот процес.

– Механизмот  на СТО полека се движи кон застој. СТО веројатно се наоѓа во најголемата криза досега, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром – истакнувајќи дека правилата на Оргаизацијата не ги следеле технолошките промени и обемот на модерната трговија.

Како пример, таа посочи дека важечките правила на СТО  недоволно ги регулираат прашањата за субвенциите доделени на претпријатија во државна сопственост, а и воопшто не ја покриваат трговијата по елекстонски пат.

Малмстром нагласи дека  ЕУ решила да предложи реформи на СТО  токму поради ваквите недостатоци, а не за да ги задоволи барањата на САД.

Предлозите на Еврокомисијата вклучуваат промени на правилата за доделување на субвенции кои придонесуваат за нарушување на пазарните фер услови, подобрување на транспарентноста и зголемување на ефикасноста на механизмот за надминување на трговските спорови, со цел да се деблокирање процесот на негово воспоставување.

За да бидат спроведени предложените реформи на ЕУ, тие треба да бидат прифатени и одоберни од сите  164 земји членки на СТО.

Малмстром соопшти дека за предложените реформи од страна на ЕУ, веќе започнале разговори со Кина, а следната недела ќе има средби и со американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер и со јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.

Тензиите во глобалната трговија  ескалираа  последниве месеци со одлуката на САД за воведување високи царини за увоз на челик и алуминиум, како и за зголмување на цариинските стапки за увоз на голем број кинески прозиводи. На ваквите мерки на САД, засегнатите страни одговорија со контрамерки поврзани со увозот на американски производи.