ЕУ: Подготвени сме за брегзит без договор, но Велика Британија ќе загуби многу

80

Европската комисија соопшти дека Унијата е подготвена за брегзит без договор, но дека од таква варијанта најмногу би загубила Велика Британија.

– Комисијата во овој момент не смета дека е неопходно да се преземаат дополнителни мерки за подоготвка на такво сценарио – изјави портпаролката на ЕК, Наташа Берто, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Таа истакна дека брегзит без договор очигледно ќе направи големи потешкотии за граѓаните и за компаниите.

-Тие многу посилно ќе се почувствуваат во Велика Британија отколку во 27-те членки на Европската унија – изјави портпаролката на ЕК.

Берто нагласи дека претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, смета дека ако се спроведе брегзит без договор, Британците ќе загубат најмногу.