ЕУ и НАТО ќе потпишат заедничка декларација за соработка

61

Европската унија и НАТО утре ќе потпишат заедничка декларација за соработка, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ден пред самитот на НАТО закажан за 11 и 12 јули во Брисел, утре е закажано потпишување на заедничка декларација за помеѓу ЕУ и Алијансата.

Европската страна ја претставуваат претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и претседателот на Советот на ЕУ Доланд Туск, а потписот за НАТО ќе го стави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. 

Оваа декларација е патоказ за понатамошната соработка. 

Според изјавата на Столтенбер, дадена на 25 јуни, воената мобилност е клучна област за соработка меѓу НАТО и ЕУ. 

– Треба да можеме брзо да ги придвижиме силите низ цела Европа, кога е потребно, рече тој, истакнувајќи дека НАТО инвестирал две милијарди евра во проекти за поддршка на воената мобилност во последните четири години.  

Соработката меѓу ЕУ и НАТО претставува составен столб на работата на ЕУ, а нејзина цел е зајакнување на европската безбедност и одбрана, како дел од спроведувањето на Глобалната стратегија на ЕУ.