ЕУ: Ерусалим е идната престолнина на две држави

620

Европската унија(ЕУ) останува обединета во ставовите за ситуацијата во Газа и по израелско-палестинското прашање, порача денеска високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.

Таа истакна дека ЕУ итно бара начин да гарантира хуманитарен пристап до Газа и прави сè што може да донесе хуманитарна помош во Појасот Газа.

-Тензиите во Газа се случуваат во контекст на недостаток на мировен процес и во контекст на преселбата на Амбасада на САД во Ерусалим. Го потврдивме целосното единство на ЕУ во поддршката на решението за две држави, вклучително и за Ерусалим, тоа мора да биде дел од преговорите. Ерусалим е идната престолнина на двете држави – изјави Могерини.