Ерменскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот претседател Роберт Кочаријан

87

Судот во Ерменија денеска нареди апсење на поранешниот претседател Роберт Кочаријан, обвинет за злоупотреба на власта.

Кочаријан беше уапсен во јули минатата година. Тој беше ослободен со кауција до почетокот на судењето, објави „Ројтерс“.

Обвиненијата се однесуваат на последниот период од неговиот мандат, кога во 2008 година тој им наредил на армијата и на полицијата да ги разбијат протестите против резултатот на изборите на кои се избираше неговиот наследник.